Проверете дали утре ќе останете без струја

Корисниците од населбите Чаир, Визбегово, Бутел, Шуто Оризари и од село Кучевиште утре од 4 до 8 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Алекса Дундиќ“, „Мара Междуречка“, „Алпи“, „Ферид Бајрам“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Александар Турунџиев“, и Кучевишка Бара во  општина Бутел, како и корисниците од село Љубош.

Во време од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во општина Шуто Оризари и корисниците од улица број „1“ во село Мирковци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија

07.08.2014 - 16:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега