Приватни инвеститори за детските одмаралишта - туризмот останува во владиниот фокус

 

Изминативе години Владата спроведе голем број на проекти за развој на турисмот кој и понатаму останува во владиниот фокус. 

Владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, информира дека владата на предлог на МТСП усвои акциски план , кој овозможува влез на приватен капитал во детските одморалишта: -Оттуѓувањето на државниот имот ќе се врши преку транспарентен процес на јавна аукција кон средината на месец август. Условите ќе бидат објавени во јавниот повик. Приватниот инвеститор мора дејноста да ја задржи во сферата на туризмот, истакна Ѓорѓиев. 

Се работи за Ѓуриште, Суви Лаки, Малешево, Пелистер, Николиќ и Горно Водно, а се очекува цената да биде од 50.000 до 400.000 евра.

Дополнителни информации можат да се најдат во МТСП.

05.08.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега