Србин уапсен за дрога вредна 6,5 милиони евра

Полицијата привела вкупно 28 мажи и осум жени, на возраст од 8 до 72 години. Од 36 приведени, притвор им е одреден на 30. Истрагата покажа дека од 2011 до почетокот на 2013 година, оваа група прошверцувала вкупно 177 килограми спид, 178.000 екстази таблети, 1,5 килограми кокаин и 73 килограми канабис. 

Запленети се и оружје, 100.000 евра во кеш и дополнителни 220.000 евра во различни валути. Во текот на акцијата претресени се 28 станови во Австријаи три во Германија. Организаторот на групата (37), уште во 2010 година избегал од австиски затвор во Јужна Америка. Се до апсењето ја координирал трговијата со дрога од Боливија, каде е уапсен кон крајот на мај, а потоа е испорачан во Австрија.

 

04.08.2014 - 13:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа