Олеснета процедурата за пријавување во ФЗОМ
Со пријавување во Агенцијата за вработување на Р.Македонија по автоматизам ќе се добива и здравствено осигурување од ФЗОМ за вработениот и неговото семејство и за пријавување на новороденчињата во ФЗОМ нема повеќе да треба да се доставува извод од матичната книга на родени. За ова денеска информираа директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
-Новина за автоматско пријавување во здравственото осигурување на сите вработени, нововработени кои што го менуваат работното место заедно со нивните членови, а без притоа да доаѓаат во Фондот и без притоа фирмите да доставуваат непотребни докумнти. Фондот со електронско поврзување со АВРМ автоматски ќе обезбеди континуирано здравствено осигурување само при појава на М1 образец, истакна Парнарџиева Змејкова, објаснувајќи дека втората новина се однесува на поврзување на ФЗОМ со Управата за водење на матични книги, Фондот повеќе нема да бара извод од матична книга на родени за новороденчиња за нивно пријавување во здравственото осигурување и родителите од таа обврска ќе бидат ослободени бидејќи по службена должност на електронски начин Фондот ќе го добие изводот од Управата. За да се пријави едно бебе потребно е родителот само да достави пријава за здравствено осигурување и здравтвена легитимација за бебето.
Со ова поврзување со ФЗОМ ќе ги намалиме и оние гужви кои што беа во Фондот, сите оние 30000 пријави-одјави на месечно ниво. Ова директно поврзување, значи во истиот момент кога ќе се реализира, процесуира М1 пријавата или М2 одјавата во АВРМ, истиот момент ќе се креира ЗО1 образец во ФЗОМ бидејќи нашите системи се поврзани на релно време, односно не се прави по некој пресеци туку во истиот момент кога се реализира кај нас се реализира и во ФЗОМ, истакна директорот на АВРМ Поповски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа