Обилни врнежи и грмежи - невреме во Македонија

 

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата, каде локално е можно да наврнат и над 35л/м2.

Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе биде до 21 степен. 

Во петок под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.

Стабилно и многу топло ќе биде в недела и понеделник. 

31.07.2014 - 09:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега