ФАТЕНИ НА ДЕЛО: СОНК со притисоци и закани до членството за да се излезе на протест
Студенти и пензионери добиваат покани да штрајкуваат во име на СОНК, за да се наполнат автобусите и да се добие масовност. Членовите на СОНК револтирани се сомневаат во позадината на овие протести.
По е-маил, група на граѓани добиле наредба да се појават на протест, а во спротивно да не се жалат ако се применат мерките.
Раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, притиска да се излезе на штрајк, што отвора простор за сомнеж дека штрајкот е организиран поради сосема други причини. За кого и за чии интереси штрајкува СОНК?
Ова е само уште една потврда за сомнителната позадина на протестите и дека целта е многу поголема од наведената- да се бранат правата на тројцата професори.
Ваков начин на организација на протести, македонската јавност памети од одредени партиски структури на опозицијата, кога одредена група на луѓе штрајкуваше за се и сешто во земјава.
Сител пренесува реакции на револтирани членови на синдикатот кои се сомневаат во организацијата и целта на протестот.
Членови на СОНК се сомневаат дека овој протест е злоупотребен од СДСМ и дека ваков протест би бил во корист само на опозицијата.
Преписаката преку Интернет и поканите за излезност личат на организација на партиски активисти кои сакаат под директива да дадат масовност на протестите најавени за викендов.
Сител jа пренесе содржина на е-маил пораката со која членовите на СОНК биле повикувани на протест:
„ПО ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК НА СОНК ТРЕБА ДА СЕ ИЗЈАСНИТЕ КОЈ ДОАЃА НА ПРОТЕСТ, КАЖАНО Е ДОКОЛКУ НЕ СЕ ПРИСУСТВУВА ДА НЕ СЕ РЕАГИРА КОГА ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ МЕРКИТЕ КОИ НЕ ЗАСЕГААТ! ВЕ МОЛАМ СЕКОЈ ПОЕДИНЕЧНО ДА СЕ ИЗЈАСНИТЕ ЗА ПРИСУСТВО, БИДЕЈЌИ Е ПОТРЕБЕН СПИСОК ЗА ПРИСУСТВО!“
Понатаму, одредени организатори наведуваат дека луѓе ќе бидат повикувани на протест преку телефон или по е-маил.
Како што веќе објавивме, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура в петок ќе организира протест пред Министерството за образование и наука. Барањата кои ги презентираше СОНК директно ги демаскираат намерите на синдикатот да прикаже пред јавноста дека причина за протестот е конечно решавање на проблемот со тројцата професори од штипскиот универзитет, туку укажува на тоа дека задни намери стојат зад најавениот протест.
Раководството дало насоки да се собираат луѓе за најавениот собир, со назнака дека не морало да се работи само за наставници, туку и студенти и пензионери да се донесат во Скопје, со цел да се прикаже масовност пред јавноста.
Предвидено е со органзиран превоз лицата да се носат на протестот пред Министерството за образование и истите да добиваат сендвичи и сокови. Од сите градови било побарано да се обезбеди одредена квота на луѓе кои ќе присуствуваат на најавениот протест, односно кој колку автобуси треба да пополни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа