И вонбрачната заедница ќе се дефинира во Уставот

 

И вонбрачната заедница ќе се дефинира во Уставот како и бракот, односно како заедница на маж и жена. Тоа е предвидено со последните измени што ги предлага Владата на највисокиот правен акт во државата. 

-Согласно постоечкиот закон за семејство вонбрачната заеденица е регулирана како заедница помеѓу маж и жена. Исто така со постоечкиот закон за семејство, вонбрачната заедница се дефинира, онаа вонбрачна заедница која што трае повеќе од една година при што се изнедначува со брачната заедница во поглед на меѓусебната издршка и стекнатиот имот во времето на траењето на вонбрачната заедница, истакна денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој додава дека по усвојувањето на измените на Уставот ќе следат и соодветни измени на законот за семејство во кој што ќе се дефинираат начинот и постапката за регистрирање на вонбрачни  заедници ви Р.М која што е дефинирана согласно предлог амандманот како регистрирана вонбрачна заедница помеѓу само еден маж и само една жена.

30.07.2014 - 13:47
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега