Нов проект за зголемување на бројот на згрижувачките семејства

 

Децата од згрижувачките семејства денеска го посетија Аква паркот во Скопје во рамки на проектот на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“.

Со разни активности организирани од волонтерите на Црвениот крст  дечињата уживаа во водените лудории, а за задоволството да биде уште поголемо со нив заедно беше и популарниот Даниел Кајмакоски.

-Згрижувачките семејства се најхуманата, најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства кои што нудат вистинска грижа и заштита на децата без родители и без родителска грижа и на децата со пречки во развојот. Во Р. Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства кои што згрижуваат точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа, истакна Спасов.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат за згрижувачките семсјтва ќе можат да го направат тоа на мејлот [email protected] или на бесплатниот број 15505.

30.07.2014 - 13:02
Фото: 
kurir
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега