МНР предупредува: Не патувајте во Либија

 

 

Министерството за надворешни работи на Република Македонија поради влошувањето на безбедносната состојба и интензивирањето на вооружениот конфликт во Либија, препорачува македонските граѓани да се воздржат од патување во таа земја.

Исто така, се советуваат сите македонски граѓани кои се веќе во Либија, да се пријават во македонските амбасади во Каиро и во Рим за дополнителни информации.

Амбасада на Република Македонија во Каиро, Египет: + 202 23 805 269 + 202 27 508 501 Амбасада на Република Македонија во Рим, Италија: + 39 06 84 24 11 09 + 39 06 84 11 470.

30.07.2014 - 12:23
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега