Ќе ни се погоди ли времето за продолжениот викенд?
Конечно ќе си ги наполниме батериите, ни следува продолжен викенд. Според прогнозата на Метеопро, во сабота се очекува релативно топло време. Максималната ќе достигне вредност околу 31°С. Најтопло, до 36°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Попладне локален развој на дождоносна облачност ќе има во западниот регион. Услови за локален дожд приквечер ќе има во крајниот исток на земјава, како и во околината на планинскиот регион околу Кожуф.
Вредност на УВ индекс 7.
Во недела ќе има мал пад на температурата. Максималната ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 34°С ќе биде во југоисточниот регион. Попладне и вечер во најголем дел од земјата ќе има појава на дожд и грмежи.
Вредност на УВ индекс 7.
Во понеделник максималната вредност во земјава ќе достигне 35°С. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а попладне повторно ќе има појава на локален дожд, наместа проследен со грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа