Скопје: 12 сообраќајки - повредени 4 лица

Повторно се пролеа крв на скопските улици. Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди. Осум од нив се со последица материјална штета, а во четири од нив со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајна полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои е потполнет Европскиот извештај.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела со почеток во 15 часот и 30 минути во општина Илинден по повод одбележување на Денот на општината „Илинден 2014“ ќе се одржи велосипедска трка. Стартот на трката започнува од пред спортската сала „Гоце Делчев“ и продолжува на подрачјето на општина Илинден. Велосипедската трка ќе се одвива во редовен сообраќај и од овие причини сообраќајната полиција апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да ги почитуваат наредбите што ги даваат овластените службени лица со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација.

25.07.2014 - 09:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега