Романија ја повлече иницијативата - самит на шефови на држави нема да има

 

Романија ја повлелка инцијативата за одржуање на Самитот на шефови на држави на земјите од ПСЈИЕ, дознава Press24 од дипломатски извори.
По експресното одбивање на поканата од шест претседатели на земјите–учеснички во ПСЈИЕ, Романија ја повлече вчера предложената иницијатива викендов да ги одржи двата самита што ги откажа претседателот Иванов.

 Во текот на вчерашниот ден претседателот на Романија, Трајан Басеску ги повикал амбасадорите на земјите членки на ПСЈИЕ и им ја соопштил неговата иницијатива, Самитот на ПСЈИЕ и Форумот Дијалог меѓу цивилизациите да се одржат викендов во Букурешт. Притоа побарал земјите учеснички да го потврдат учеството до денеска претпладне.

најчитано сега