Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

18.07.2014 - 20:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега