Максимална поддршка на стопанските комори од Министерството за економија

Министерот за економија Беким Незири денеска оствари средба со претседателите на Стопанската комора на Македонија, на Сојузот на стопански комори и на Стопанската комора на северозападна Македонија, Бранко Азески, Даниела Арсовска и Мендерес Кучи.

- Од вас очекувам да бидете директни креатори на економските политики. Ќе ја продлабочиме соработката, ќе ги детектираме недостатоците, ќе подготвиме акциски план за начинот и времетраењето на решавање на сите проблеми. Од вас барам во Министерството за економија да гледате наш заеднички дом во кој ќе работиме за постојано подобрување на економијата на Република Македонија, истакна министерот Незири.

Изразувајќи благодарност за поканата и понудената поддршка, претседателите на коморите побараа од министерот разјаснување на условите кои домашните компании треба да ги исполнат за да влезат во индустриските развојни зони. Како прашања на кои треба да се работи идниот период ги посочија изнаоѓањето начини на мотивирање на граѓаните да ги инвестираат средствата кои им се депонирани во банките чиј износ е над 4,3 милијарди евра, како и долготрајноста на судските постапки.

 

17.07.2014 - 15:56
Фото: 
Лидер.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега