Ѓорѓиев: Сите субјекти посветено и одговорно да се однесуваат во процесот со еврообврзницата
Во врска со процесот за еврообврзницата Владата посочува на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски и во моментот нема да соопштува детали поради природата на процесот, ценовната сензибилност и влијанието на целиот процес со истакнување определени информации кои, како што вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, можат да бидат инсајдерски.
- Апелирам и повикувам сите субјекти коишто имаат определена општествена одговорност посветено и одговорно да се однесуваат кон овој процес затоа што тоа би можело да има влијание на определени други аспекти во процесот. Интенција на Владата, институциите и на медиумите е да се обезбедат најдобри услови затоа што тоа ќе биде во корист на сите граѓани, потенцира Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарско прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа