Се бара познат авиобренд да лета под македонско знаме

Македонија бара знаменосец на европското небо. Национален авиопревозник што ќе ја промовира државата, ќе го помогне развојот на домашната авиоинустрија, ќе донесе бенефит со нова флота авиони, нови вработувања, дестинации.  

-„Ќе гледаме повторно авиони со македонско знаме и ознаки на македонско небо, нашите стручни кадри, пилоти, стјуардеси, ќе се вратат во земјава, покрај вработувањата на стручниот персонал ќе се вработат и други луѓе од воздухопловството“, вели за МРТ пилотот Кирил Каевски.

Консултанска куќа ќе прави анализа на пазарот, дали познати брендови во авиобизнисот се заинтересирани да оперираат преку стратешко партнерство со државата.

„Заедно со Владата да ги ставиме на хартија сите оние услови кои може владата да ги понуди. На пример, дополнителни субвенции, специјално најдобрите линии да бидат резервирани за тој авиопревозник и други поволности што Владата би можела да ги понуди. И потоа, кога ќе направиме еден таков пакет, кога ќе се направи целосна анализа, предвидено е да се направат неколку роуд шоуа, каде што тој пакет како можност за воспоставување на база во Македонија ќе се понуди до поголем број светски познати авиокомпании, европски и надвор од Европа“, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Со ваков став е и Сани Шенер - првиот човек на ТАВ.

 

„Мора да се инвестира во тоа, дополнително ќе се влијае на зголемување на бројот на патници. Во моментот таа улога ја играат Туркиш Ерлајнс кои летаат 14 пати неделно на релација Скопје- Истанбул и нискотарифната Виз Ер која лета директно од Скопје до многу европски дестинации“, вели главниот извршен директор на ТАВ холдингот и претседател на Бордот, д-р Сани Шенер. 

 

17.07.2014 - 09:17
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега