Намален прометот во трговијата на мало

Во мај годинава споредено со мај лани прометот во трговијата со храна, пијалоци и тутун е намален номинално за 6,2 проценти, а реално за 4,7 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е забележан пад на прометот, номинално за 0,7 проценти, а реално за 11,3 проценти, во трговијата со горива, номинално за 3,4 проценти, а реално за 2,9 проценти, и во трговијата на мало со автомобилски горива, номинално за 5,5 проценти, а реално за 7 проценти. 

16.07.2014 - 09:49
Фото: 
вести.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега