Иванов и Јолевски во посета на полкот за специјални операции во Радожда

 

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили  Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, во Радожда ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови.

Припадниците на пСО денеска ќе изведат методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник.

Се очекува припадниците на пСО кои вежбата ќе ја изведуваат заедно со припадниците на воздухопловната бригада, да демонстрираат висок степен на обученост и извежбаност за извршување на различни задачи на вода. 

16.07.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега