Еве колку работници од сега добиле 8500 денари за К15

Исплатата на популарниот  к-15 за работницте ќе значи стимул на работното место и подбрување на куповна моќ. Од бизнис асоцијацијата ги охрабруваат компаниите, да најдат начин на своите вработени да им префрлат регрес за годишпен одмор. Оние пак кои се финансиски понестабилни имаат можност износот да ги плаќаат на рати.

Според Миле Бошков од асоцијалцијата на работодавачите секогаш може да најдат простор за манипулација со вработените. Затоа  инспекторите се постојано на терен и ќе вршат контроли за тоа колку фирмите  се придржуваат кон законското решение.

Работодавачите и сојузот на синдикатите договорија од први јули сите вработенив во приватните фирми  да добијат регрес за годишен одмор во висина од 40 проценти од просечната нето плата на државно ниво или според пресметките тоа е 8500 денари. Казните за газдите кои нема да го почитуваат ова  се движат од 1000 до 4000 евра, а дополнително треба да го платат и износот од к-15. Право на регрес имаат 300 000 работници во стопанството, на 5000 им е веќе исплатен.

15.07.2014 - 21:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега