ФОТО: Од Цитроенот не остана ништо - момче загина во страшна сообраќајка во Ѓорче Петров
Едно лице загина а друго е тешко повредено во страотна сообраќајка која се случила рано утринава во скопско Ѓорче Петров.
Според информациите на полицијата, сообраќајката се случила околу 4:15 часот, кога се судриле комбе „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички управувано од 29 годишниот И.М., комбе „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 37 годишниот М.Н. и автомобил „Цитроен“, зад чиј волан бил 33 годишниот Тони С. од Скопје.
На лице место починал 33 годишниот Тони, додека неговиот сопатник, 35 годишниот Д.Ј. заработил тешки повреди и бил пренесен на скопскиот Ургентен.
Повредени биле и возачите на двете комбиња. На двајцата им била укажана лекарска помош во градската болница, а потоа М.Н. бил пуштен на домашно лекување, а И.М. бил задржан во болницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа