Време: Деновите пеколни - ноќите дождливи
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне ќе има умерена облачност и услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а во попладневните часови со зголемена облачност и со услови за краткотраен дожд и со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Повремени врнежи од дожд ќе има преку ноќта, а од почетокот на следната недела во попладневните часови и понатаму ќе има услови за појава на нестабилност, меѓутоа понестабилно ќе биде во вторник кога и максималните температури ќе бидат за неколку степени пониски. Во останатите делови главно температурите ќе се движат од 26 до 34 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа