Се скрши и се урна дрво спроти Холидеј Ин во центар

 

Старо и искривено дрво денеска се скршило и паднало на улицата која минува покрај паркингот спроти хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје, пишува Нетпрес

Очевидците за Нетпрес информираат дека дрвото се срушило утринава околу 11 часот. Големото стебло, велат очевиците, паднало веднаш зад паркирано такси возило. За среќа, нема нема повредени, а не е причинета ниту материјална штета пренесува Нетпрес.

Според порталот, интервенирала екипа на „Паркови и зеленило“. Тие го сечат дрвото на делови и го тргаат од улицата. За да се превенира сличен инцидент, во близина на урнатото е исечено уште едно старо и искривено дрво, пишува Нетпрес.