“Паднаа“ двајца скопски дилери
Двајцата скопјани, 28 годишниот С.Н. и 35 годишниот М.И. си заработија кривични пријави и 30 дневен притвор, откако полицијата кај нив нашла марихуана.
С.Н. и М.И. на почетокот на месецов од непознато лице набавиле засега неодредена количина марихуана. Полциијата извршила претеси во домовите на пријавените и во домот на С.Н. биле пронајдени една дигитална вага и 62,35 грама марихуана, додека пак, во домот на М.И. биле пронајдени 36,6 грама наркотична дрога –марихуана.
-Во изминатиот временски период против М.И. од страна на СВР-Скопје поднесена е една кривична пријава за сторени кривични дела – “фалсификување исправа“ за што од страна на Оптински суд Скопје 2 изречена му е казна затвор во траење од четири месеци, информир аМВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа