Сочувство од Иванов до семејствата на загинатите пилоти
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, упати писма со сочувство до семејствата на загинатите припадници на МВР во хеликоптерската несреќа кај Струмица.
- Со чувство на голема болка и длабока тага ја примив веста за трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица во која животот го загуби вашиот сакан сопруг и татко. Во овој тежок миг за Вашето семејство и за цела Македонија примете ги изразите на моето најискрено и најдлабоко сочувство, стои во писмата што претседателот ги упати до семејствата на загинатите припадници на хеликоптерската единица на МВР.
12.07.2014 - 13:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа