Јанкулоска на Фејсбук: Колеги почивајте во мир!
Министерката Јанкулоска се огласи на Фејсбук по синоќешната трагедија во која загинаа ччетворица припадници на граничната полиција.
-Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.
Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството.
Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните.
Најдлабоко сочуство на семејствата на:
1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.
2. Марјан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години.
3. Тоде Орешков роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и
4. Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години.
Драги, Марјан, Тоде и Иљо беа врвот на хелихоптерската единица и најдобриот персонал кој МВР го имаше. Беа искусни и со безброј часови лет во различни услови и во различни акции. Нека почиваат во мир!, напиша Јанкулоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа