ДПА ги повика граѓаните да се воздржат од насилство

 

Демократската партија на Албанците (ДПА) ги повикува граѓаните да се воздржат од акти на насилство, во врска со ескалацијата на протестите од минатата недела и предупредувањата по социјалните мрежи за одржување на нови протести во петок, на 11 јули во Скопје, соопштија од партијата. 

- Земајќи ги предвид унифицираните апели на меѓународната заедница во земјата, ги повикуваме сите граѓани да бидат смирени и да се воздржат од акти на насилство. Сите граѓани имаат право да протестираат и да ги изразат своите ставови мирно, но не и да се вклучат во насилни или деструктивни дејствија, се наведува во соопштението.

 

10.07.2014 - 15:57
Фото: 
алсат
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега