Вечер сите во МКЦ - да и помогнеме на младата Ивана Величковска!
Во Младинскиот културен центар – Кино Фросина вечерва ќе се одржи хуманитарна акција за собирање средства за лекување на Ивана Величковска, студент на Правниот факултет, која боледува од леукемија.
Посетителите ќе можат да ја видат промоцијата на првиот спот на групата Улична Мисла и да го купат нивниот албум по цена од 100 денари, средства кои во целост ќе бидат наменети за помош на Ивана Величковска.
Свој настап ќе има и „Break Dancers“ под мотото „Играј и живеј здраво“, а на присутните ќе им се доделуваат награди „Панорамско надлетување над Скопје со авион во времетраење од 30 минути претставено со слоганот –Биди Хуман и полетај со Улична Мисла“, ваучер за тетовирање во вредност од 50 евра кај уметничката и тату артист, Емилија Пендева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа