Македонец стои зад грабежот на Поштенската штедилница во Ниш
40 годишниот кумановчанец Д.К. е виновникот за големиот грабеж на Поштенската штедилница во Ниш, кој се случи пред 4 години, пишува српски Блиц.
Кумановчанецот, објавува Блиц, во моментов издржува казна затвор во казнено - поправниот дом во Сремска Митровица.
Пред четири години, Д.К. вооружан со пиштол, влегол во Поштенската штедилница, им се заканил на вработените и успеал да изнуди пари од нив. Бесниот разбојник го нападнал и обезбедувањето на штедилницата.
По наредба на Вишиот суд во лесковац, Македонецот бил сослушан. Против него била поднесена дополнителна кривична пријава.
09.07.2014 - 14:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа