ВНИМАВАЈТЕ: Грчките цариници на штрајк - ограничен влез на возила на „Богородица“ и „Меџитлија“
Грчките царински службеници од ноќеска на полноќ започнуваат 24 часовен штрајк, поради кој ќе има изменет сообраќаен режим на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“.
На двата гранични премини во наредните 24 часа нема да се одвива сообраќајот на товарни моторни возила. Најавено е сопирање на секаков влез или излез на товарните моторни возила. На граничниот „Меџитлија“ ќе има измени и во патничкиот и автобускиот сообраќај. Возилата од оваа категорија ќе се пропуштаат повремено, а на „Богородица“ патниот и автобускиот сообраќај ќе се одвива нормално, известуваат грчките власти.
На граничниот премин „Стар Дојран“ не се најавени ограничувања на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа