200 лица сакаат да му бидат советници на Груевски

 

Над 200 кандидати досега се пријавиле на огласот за советници на премиерот на Република Македонија, кој трае до 14 јули, информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев упати апел на огласот да се пријават најспособните и најквалитетните кандидати.

- Ова се многу значајни и одговорни позиции и затоа ние аплериаме за пројавување на интерес и аплицирање од страна на најуспешните, најспособните и најквалитетните кадри. Лица коишто имаат повеќегодишно работно искуство и коишто имаат соодветно образование и задолжително познавање на англискиот јазик и имаат резултати во својата работа, да имаат волја, енергија и идеи да се вклучат во реализиација на една комплексна владина програма и реализација на голем број проекти коишто се од интерес на граѓаните. Сите овие лица коишто се пронаоѓаат во овие услови и во овие карактеристики се добредојдени да аплицираат заклучно со понеделник 12.јули, рече Ѓорѓиев.

Се бараат вкупно 13  советници во повеќе области, осносно советник за политички прашања; за Европска унија; надворешни работи; животна средина; рударство и минерални суровини; за култура; економија, претприемаштво, индустрија и иновации; земјоделство; правосуство и администрација; енергетика; транспорт и врески; информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа.

Владиниот портпарол посочи дека интерес има за сите области кои се предмет на овој оглас, меѓутоа најголем е интересот за позициите советник за економски прашања, за надворешна политика, за политички прашања, за европски интеграции и советник за култура.

Заинтересираните треба да аплицираат по електронски пат на веб-страната на македонската Влада со приложување на лична биографија и мотивациско писмо, како и дипломи и сертификати доколку ги поседуваат.

Портпаролот објасни дека можност за пријавување имаат сите без разлика дали своето образование го оформиле во Република Македонија или во странство, но предност ќе имаат кандидатите со завршен втор или трет циклус на студии.

- По завршувањето на огласот во соодветна процедура низ процес на селекција, при што ќе бидат спроведени определени интервјуа со кандидатите за да можеме да се запознаеме добро со новните идеи и размислувања, да поразговараме за визиите и за нивните мислења околу реализација на проектите, ќе се направи една финална селекција којашто конечно би резултирала со избор на овие лица коишто ќе ја извршуваат функцијата советник на претседателот на Владата на Р.Македонија, појасни Ѓорѓиев, додавајќи дека во зависност од интервјуата ќе се процени дали овие советници ќе бидат ангажирани во редовен работен однос или како надворешни советници на премиерот.

08.07.2014 - 13:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега