ФОТО: Дечињата од аеродром учеа за сообраќајната култура

 

Дечињата од градинката „Буба Мара на возраст од 4 до 6 години минатата недела следеа едукативни анимирани филмови за безбедност во сообраќајот на тема „Сообраќајната култура во предучилишната установа“, во соработка со претставници на Отсекот за превенција на единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР – Скопје.

Преку следењето на анимираниот филм децата имаа можност да се запознаат со карактеристиките на локалниот сообраќај, како и да стекнат здрави и безбедни навики за учество во сообраќајот.

 

Исто така, преку интерактивен разговор дечињата од градинката научија како внимателно да поминуваат улица во придружба на возрасна личност, како и да препознаваат знаци на опасност (сирени на пожарникарска и полициска кола и кола за брза помош).

04.07.2014 - 09:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа