145 граѓани ќе дадат заклетва зa служење воен рок
Во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ 145 македонски граѓани ќе дадат заклетва за доброволно служење воен рок во АРМ.
Тие се 23-та генерација кои доброволно служат воен рок во АРМ. Од нив 134 се мажи и 11 жени. Тие ќе се запознаат со основната борбена обука која вклучува теоретски и практичен елемент, како и физички проверки.
Свое обраќање на свеченоста ќе има државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски.
04.07.2014 - 08:47
Фото:
Канал 5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа