Ништо од штрајкот - утре авионите ќе летаат

 

На денешната средба во Министерството за транспорт и врски се постигна договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ).

„Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието.

Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието“, соопштија од Министерството за транспорт.

„Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања.

Министерството за транспорт и врски заедно со менаџментот на М-Нав стои на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот“, се додава во соопштението на МТ испратено до медиумите.

11.10.2023 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега