Николовска: Ако Русковска не го повика за „Рекет“, тоа е уште една амнестија за Заев

Доколку јавното обвинителство не го повика Зоран Заев и не отвори случај по исказот даден во судница, тоа ќе се смета за уште една во низата на амнестии за Зоран Заев. Доколку ОЈО не го повика Зоран Заев тоа ќе значи признавање дека обвинителството работи по диктат на Заев, но и јавно признавање дека Зоран Заев стои зад случајот „Рекет“. Јавното обвинителство мора, има обврска и должност да постапува по допрен глас согласно своите надлежности и овластувања, а предвидени во нашите закони, истакна на денешната прес-конференција Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека ЈО е должно да го штити јавниот интерес и да не дозволи никој, па ни Зоран Заев да е над законот.

-ЈО продолжува да биде затворено во пупката на Заев. Дури ни по барање на првообвинетиот во случајот „Рекет“, неговиот мобилен телефон но ни мобилниот телефон на Заев не се земени на вештачење, иако јасно и недвосмислено е посочено на постоење на порака со содржина – „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“. Внимавајте, премиер на држава, две недели пред наводно да го пријави случајот, во ОЈО, повикува на сега првообвинетиот нагласувам, на „соочување на докази“. Тоа може да се толкува само дека 3оран 3аев поседува докази за време на истрага, а можеби и пред истрага во време пред воопшто рекет да биде пријавен, тоа значи дека 3оран 3аев знаел за рекетот и дека во најмала рака изигрува обвинител и судија, а уште повеќе глава на злосторничкото здружување за рекетирање, нагласи Николовска.

ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот, македонскиот народ повеќе не може да трпи компромиси со криминалот, а со 3оран 3аев и СДСМ Македонија тоне, и тоа тоне во криминал, корупција, сиромаштија и срам.

-Апелираме до обвинителите во ОЈО и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се охрабрат и да излезат од сенката на Јовевски и Рускоска и да застанат во одбрана на правото и правдата. Одговорност мора да има и ќе има, нагласи таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега