Николоски: 160 милиони евра субвенции за земјоделците секоја година

Разговараме со граѓаните, маките се исти, забелешките се исти, екстремно ниска цена на откупни производи, никаква поддршка од државата, луѓето се жалат дека праската скоро и да не родила годинава затоа што имаше голем мраз во текот на годината, немаат добиено никаква поддршка и субвенции од државата, цената е екстремно ниска и навистина тешко живеат, ова денес го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на средбата со жителите на општина Росоман.

Николоски, истакна дека програмата обновата за Македонија значи план за помош на земјоделците, силен инвестициски циклус, 160 милиони евра секоја година субвенции како и 200 милиони евра во обновлив систем за откуп и загарантирана цена, како што рече тој ова ќе значи удар на зелената мафија, а  ќе овозможи праведна цена и цени на трудот на земјоделците.

 

Нашиот план е да помагаме на земјоделците, силен инвестициски циклус, околу 160 милиони евра секоја година во субвенции и преку  200 милиони евра во обновлив систем за откуп и загарантирана цена што ќе даде удар на зелената мафија, а  ќе овозможи праведна цена и цени на трудот на земјоделците. Исто така потиштени се од националните предавства кои што и се случуваат на Македонија, од промената на името, од двојазичноста, од продажбата на историјата. На тоа луѓе сакаат да ставиме крај и ќе ставиме крај после победата на 15 јули, заедно ќе ја исправиме Македонија и заедно ќе ја обновуваме, вели носителот на изборна единица 4 Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2020 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега