Невреме во Тетово и Скопје: Телефоните на ЦУК ѕвонеле без престан, познати досегашните штети

Невреме во Скопје и Куманово, што прво го погоди Тетовско предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град имаше правец на движење од западниот кон источниот дел од градотСкопје. Околу Скопската котлина и околу Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот, силината, информираа од УХМР во ЦУК.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи, заради налетите на невремето, се добиени повеќе пријави, а и се уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови,оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично, како на пример:

- пријава за поплавена куќа од невремото ви Тетово, Граѓанинот информира  дека се обидуват со пумпи да ја испупмуват водата но не се во можност бидејќи има премногу вода.

- известување за лимен кров кој преставува опасност да падне и да направи сериозен проблем на ул. 23 Октомври спроти зграда бр.15 (зелена фасада).

- пријава за поплавено куќа од неверемето на ул.Народна револуција во Куманово.

- пријава за паднато дрво во клучката Радишани према Бутел и ја прекинува собраќајот

- во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот на јавување го држеле на нивната балконска тераса за да не падне и направи штета. За истото РЦУК Скопје контактирал со пријавителите и истите испратиле и видео клип. Исто така РЦУК Скопје ја известил ЕЛС Аеродром

- пријава за поплавен подрум како последица на канализација од настанатото невреме на улица 84 во Скопје

26.06.2024 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега