Невреме во Штип: Наноси од земја, камења и песок на улиците, вода навлезе во неколку објекти

 

 

Од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок, а во некои објекти навлегла вода, информираат од Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Штип објави дека, како последица од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок. Од страна на екипи на ЈП „Исар“ се интервенира со цел за да се отстранат истите.

Територијалната противпожарна единица Штип, со 3 ПП возила и 8 пожарникари интервенира на неколку објекти во долниот тек на реката Отиња (локација на потегот од црква „Свети Никола“ до Ново Село) во коишто има навлезено вода.

Досега нема информации за поголеми предизвикани штети од невремето што го зафати градот Штип.

05.07.2023 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега