Нема договор со Бугарија да ни продадат поевтина струја

 

Бугарија и Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР.

Работна група на средбата во Софија, составена од директорите на македонските енергетски компании и бугарските претставници не се договориле околу цената за електричната енергија и трошоците за транспорт. Скопје сака да добие пониска цена со најмалку 15 проценти од она на берзата, или пониска од 400 евра за мегават час, пишува БНР.

Во текот на оваа недела повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија. На 5 септември премиерите на двете земји Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Македонија

19.09.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега