Не Мијалков, и свети Мијалков ако сака нека е, имот стекнат на нелегален начин мора да се одземе, порача Спасовски
Запрашан за коментар, за тоа што вработените од Агенцијата за одземен имот добиваат навреди и закани поради одземениот имот на Мијалков, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од денешниот увид во градежните активности на новиот објект на полициската станица од општа наделжност Аеродром В, порача дека без разлика за кого станува збор, тоа што е стекнато на нелегален начин мора да биде одземено.
Апсолутно е недозволено, рече Спасовски, да има закани, упатувања, навреди или што било друго заради вршењето на својата работа.
Рече дека МВР е во постојана координација со раководството на Агенцијата за одземен имот.
„Цврсто стоиме на тој став да ги преземеме сите мерки на заштита и сето она што е законска обврска да биде реализирано. Па не Мијалков, и свети Мијалков ако сака нека е, тоа што го стекнал на криминален начин мора да му се одземе“, порача Спасовски.
Деновиве директорот на Агенцијата за конфискуван имот, Дритон Небиу, објави дека вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот кој е ставен на аукција, односно становите на поранешниот директор на Управата за безбедност и котраразузнавање, Сашо Мијалков.
„Обидот да не заплашите е на погрешна адреса,“ порача Небиу на прес конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа