Наутро студи а парно има само во Бутел и Чаир: Немаме ни гас ни мазут

 

Свежите ноќи и студените утра почнаа да се чувствуваат во домовите. Оние кои немаат парно веќе одамна ги загреваат своите домови на начинот кој што го одбрале. Оние кои живеат во згради сведочат дека се почесто се пуштаат клима уредите за да се загрее просторот.
Наутро температурите се близу до нула што во домовите создава прилично непријатна температура кога ќе се разбудите од спиење. Многу домови во Скопје кои не се греат наутро имаат внатрешни температури под 18 степени, што е прилично студено и непријатно.
За утре се најавуваат утрински температури од 0 до 9 степени што гарантира дека будењето повторно ќе биде непријатно.
Со исклучок на корисниците во Чаир и Бутел, остатокот од Скопје се уште нема парно, иако условите го бараат тоа.
Но за парно се уште нема ниту мазут ниту гас. Грејната сезона мора да почне да 15 октомври иако во претходните години во вакви ситуации по 1 октомври редовно дома имавме парно греење.
Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, брифираат од партијата.
Она што е позитивно во целата ситуација е фактот дека конечно падна договор меѓу Адора и ЕСМ со што имаме обезбедени топлани за загревање. Останува уште надлежните да ги најдат потребните количини на енергенси за да може да почне греењето.

05.10.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега