Напаѓач во САД убил три жени, па си пресудил

Се верува дека маж во централниот дел на американската сојузна држава Илиноис убил три жени и ранил еден маж пред да се самоубие, соопштија американските власти.

Полицајците најпрво пронајдоа мртва жена и маж со прострелна рана во куќа во Ешленд, во близина на Спрингфилд, пренесе АП.

Агенцијата додава дека ранетиот ја упатил полицијата во друга куќа на истото место, каде што откриле уште две мртви жени, убиени во, како што се сомнева, поврзан напад.

Полицијата подоцна го лоцираше и идентификуваше осомничениот за нападите во неговото возило во Џексонвил, на околу 20 милји југозападно од Ешленд, каде што беше пронајден мртов од наводна самонанесена прострелна рана во возилото, објавија локалните медиуми.

Преживеаниот маж е пренесен во болница со повреди опасни по живот, наведува агенцијата. Државната полиција на Илиноис соопшти дека нема да бидат објавени дополнителни информации поради тековната истрага.

15.12.2023 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега