Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година
Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.
Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.
Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа