Најслаба од 2009 година: Побарувачката за германски производи повторно падна
Германската економија ги трпи последиците од најслабата побарувачка за производи и услуги од финансиската криза во 2009 година, објави во понеделникот економскиот институт Ifo.
Во истражувањето спроведено во октомври, 41,5 отсто од анкетираните германски компании се пожалиле на недостаток на нарачки, што е најмногу од 2009 година и финансиската криза, објави минхенскиот институт за економски истражувања.
Толку голема квартална бројка не е забележана во ниту еден момент за време на пандемијата на коронавирус, забележува агенцијата Дпа.
Во јули 39,4 отсто од анкетираните компании пријавиле недостаток на нарачки.
„Недостигот на нарачки продолжува да го кочи економскиот развој во Германија. Ретко која индустрија е поштедена (од падот на побарувачката)“, рече економистот на Ifo, Клаус Волербе.
Во индустрискиот сектор, речиси секоја друга компанија има недостиг на нарачки, 47,7 отсто од нив, а ситуацијата е особено тешка во клучните сектори, како што се инженерството, металната и електроиндустријата, наведува Ifo.
Убедливо најголемо учество на компаниите со помали нарачки има во секторот производство на основни метали, 68,3 отсто од нив, а потоа следат производителите на метални производи со учество од речиси 60 отсто.
Во клучните сектори, како што се автомобилската и хемиската индустрија, слабата побарувачка им пречи на околу 44 отсто од компаниите.
Во трговскиот сектор најголем дел од компаниите забележале послаба побарувачка пред најмалку 18 години, дури 65,5 отсто од нив. Кај компаниите за малопродажба нивното учество е 56,4 отсто.
Нешто подобра е состојбата во услужниот сектор каде „само“ 32,1 отсто од анкетираните компании се пожалиле на недостиг на нарачки, наспроти 31,2 отсто во јулското истражување.
Транспортните компании се во особено тешка состојба, поради слабата индустриска активност. Со нарачки мака мачат и агенциите за вработување, поради слабата побарувачка на работна сила.
Правните и даночните советници и ревизори ја оценија побарувачката поповолно поради „повисоките трошоци на бирократијата и регулативите“, според ifo.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа