Најавите за дестабилизација од ДУИ за Филипче се политички фолклор: Ако има простор за страв и паника, институциите да кажат

 

Најавите за дестабилизација и нестабилност од страна на политичката партија ДУИ за првиот човек на СДСМ е само дел од секојдневниот политички фолклор.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во партиското седиште Венко Филипче вели дека нема простор за страв и паника, но доколку има такво нешто, тогаш институциите треба да истражат и анализираат.

-Сметам дека навистина, освен како секојдневниот наш меѓупартиски политички фолклор, навистина нема простор за страв и за паника. Доколку има, тогаш очекувам институциите соодветно да анализираат и да реагираат, пред сѐ безбедносните институции, Советот за безбедност и на крајот на краиштата, еве конечно нека се состане некое тело и да одговори после сеопфатна анализа на овие повеќемесечни наназад шпекулации дека такви закани по однос на стабилноста на земјата може да има. Значи, таков одговор треба да дадат соодвените институции во земјата, вели Филипче.

13.11.2024 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега