Фатен на Џумајска во Скопје: МВР уапси криминалец кој треба да лежи во затвор 20 години
Вчера во 17:10 часот на улицата „Џумајска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела.
Кај него се пронајдени фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.
13.11.2024 - 17:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа