МВР распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми

 


По еден месец од големата полициска акција за разбивање на криминалната група од Грчец, која како што објави Министерството за внатрешни работи била инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи објавена е меѓународна потерница по водачот на групата, Шеваљ Муареми.

МУАРЕМИ ШЕВАЉ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ, стои на сајтот на МВР.

04.03.2024 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега