Мобилизирани сите служби во Кавадарци за чистење по синоќешното невреме

 

Мобилизирани беа сите служби во Кавадарци за чистење по синоќешното невреме, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.  

-По обилното невреме кое во текот на вчерашниот ден го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, сите служби беа мобилизирани и на терен во интерес и функција на граѓаните. ЈП Комуналец, Мој општинар, ТППЕ Кавадарци работеа на расчистување на улиците од дрвја, се чистеа сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици, напиша Јанчев.

Земјоделци се жалат дека има штети и кај земјoделските култури, но тие допрва ќе се утврдуваат. 

21.08.2024 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега