МНР соопшти детали за здравствената состојба на Македонците во автобуската несреќа во Италија

 

11 македонски државјани се лесно повредени и се пуштени од болница, а 12-тиот патник денеска ќе оди на операција, соопшти МНР.

-Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака, велат од МНР.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

05.04.2024 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега