Млада Албанка го убила татко си, зашто сакал да ја омажи за човек кого не го сакала
Полицијата во Албанија уапсила девојка (19), која е осомничена дека го убила нејзиниот татко Д.М.
Грозоморното злосторство се случило на 13 февруари, а полицијата дури денеска ја приведе ќерката на убиениот, објави Топ Ченал.
"Го убив затоа што сакаше да ме сврши. Немав излез, па зедов пиштол и го застрелав. Сѐ направив сама", наводно рекла ќерката.
Деталите за ова бизарно злосторство ја шокираа Албанија и регионот. На веста за страшната смрт ѝ претходела потрага по Д.М. Имено, неговиот син Х.М.(25) на 13 февруари околу 22.30 часот се јавил во полиција и рекол дека неговиот татко излегол од станот и дека оттогаш не може да стапи во контакт со него. Четири дена подоцна, на 17 февруари, автомобилот на Д.М., бил пронајден доста далеку од местото на живеење. Набрзо било утврдено дека бил убиен.
Медиумите пишуваат дека телото на Д.М., било пронајдено во неговиот стан, а доказите почнале да укажуваат на неговата 19-годишна ќерка. По апсењето изјавила дека направила сѐ затоа што татко ѝ сакал да ја натера да се омажи, но дека претходно имале несогласувања по бројни прашања.
Истрагата за целиот случај се уште е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа