Митева: Осуда за сексистичкиот напад врз професорката Силјановска стигна и од Дорис Пак


За жал и лошите вести брзо се шират. Огромна благодарност за поддршката до нашата ценета и почитувана Дорис Пак, поранешна претседателка на организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), поранешна пратеничка во Европскиот парламент и актуелна претседателка на Институтот Роберт Шуман, истакна Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум денес на конференција во Косово, но слушнав за овој срамен инцидент, во рамки на изборната кампања на СДСМ во Куманово. Активист искажал сексистички навреди кон Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, прекрасна жена, високо почитувана, која е кандидат за претседател на државата. И таа би била добро лице, репрезент на вашата држава. Таа е навредена од активист, а уште поголем проблем е тоа што никој од другите активисти или политичари не реагираа. Јас очекував дека барем Претседателот на државата би реагирал и би го осудил тоа. Ништо од тоа не се случи. Ова е срамно. И можам да кажам дека ова не е во корелација со човечки и Европски вредности“, истакна Митева.

15.04.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега